Фото: EPA-EFE/Andre Pichette

ВИДЕО | Смртоносна престрелка во Монтреал – загинаа три лица, полицијата на нозе

Најмалку три лица, меѓу кои еден полицаец и осомничениот вооружен напаѓач, загинаа во пукотница во населбата Кот де Нез во Монтреал. Во инцидентот е ранета и полицајка, соопшти полицијата, пренесе ЊујоркПост.

По пукањето, на жителите им било наредено да останат во затворен простор поради опасноста и потрагата по втор осомничен, објави „Монтреал Газет“.

Полицијата потврди дека во пукотницата загинале еден цивил, еден полицаец и осомничениот напаѓач, додека уште еден полицаец бил повреден.

Подрачјето каде што се случило пукањето е обезбедено од полицијата. Инцидентот се случил во населбата Кот де Нез, на кратко растојание од Вестмаунт, една од најбогатите населби во градот.

Покраината Квебек издала предупредување за вооружен и опасен осомничен кој бил на слобода веднаш по 12:30 часот.

Портпаролот на полицијата, Жан-Пјер Брабант, изјави дека најмалку еден полицаец бил застрелан кратко по 11:30 часот, во близина на раскрсницата на авениите Транс Ајленд и Куртре.

Подоцна било потврдено дека еден од двајцата полицајци им подлегнал на повредите. Загинале и еден цивил и осомничениот напаѓач.

„Моето најдлабоко сочувство до семејството, пријателите и колегите на полицаецот кој беше убиен при вршење на должноста“, изјави градоначалничката на Монтреал, Сораја Мартинез Ферада, во објава на социјалните мрежи.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа дека инцидентот се случил во близина на супермаркет. На прозорците на дел од становите во блиската станбена зграда биле видливи оштетувања од куршуми.

ВИДЕО | „Робин Худ“ во Монтреал: Активисти краделе храна од супермаркети и ја оставале за сиромашните сограѓани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот