Фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS

Местел тендери за време на коронавирусот – поранешен шпански министер за транспорт осуден на 24 години затвор

Врховниот суд на Шпанија денеска го осуди поранешниот министер за транспорт Хосе Луис Абалос на 24 години затвор поради корупција. Станува збор за прва пресуда во серијата скандали што ја погодија владејачката Шпанска социјалистичка работничка партија, објави Ројтерс.

Абалос беше прогласен за виновен за учество во криминална организација, примање поткуп, злоупотреба на средства и трговија со влијание.

Обвиненијата се однесуваат на местење јавни набавки за медицинска опрема, меѓу која и заштитни маски, за време на пандемијата на ковид, додека тој ја извршувал министерската функција.

Неговиот соработник Колдо Гарсија е осуден на 19 години затвор.

Бизнисменот Виктор де Алдама, кој се смета за посредник во шемата, доби затворска казна од 4 и пол години. Извршувањето на казната е условно одложено откако тој соработувал со истражителите и помогнал во разоткривањето на корупциската мрежа.

Според условите, Алдама не смее да изврши ново кривично дело, двапати годишно треба да поднесува извештај за своите активности и една година да извршува општествено корисна работа.

Овој случај е дел од повеќе истраги за корупција поврзани со кругови блиски до шпанскиот премиер Педро Санчез.

Санчез, еден од ретките преостанати левичарски лидери во Европа, дојде на власт пред осум години со ветување дека ќе ја исчисти политиката од корупција. Иако се соочува со критики и од дел од своите сојузници, Санчез не е опфатен со ниту еден од предметите и тврди дека истрагите се дел од кампања насочена кон негово политичко дискредитирање и отстранување.

Сопругата на шпанскиот премиер ќе биде судена за корупција, властите наредија да ѝ се одземе пасошот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот