Холивуд ја прогласи за „грда“, мажите лудуваа по неа, а денес е икона на светската кинематографија – Мерил Стрип наполни 77 години
На денешен ден во 1949 година е родена Мерил Стрип, жената која постигна сè што може да посака еден уметник, рекордна 21 номинација за Оскар и три статуетки. Иако во детството ја опишувале како „ружно мало дете со голема уста“, а подоцна критичарите го очекувале нејзиниот неуспех, Мерил со својот силен карактер успеа да го покори Холивуд.
Препорачано
Како што и самата изјавила своевремено:
„Она што ве прави поинакви или чудни е всушност вашата сила“.
Но, зад неверојатната кариера и трите Оскари се крие тешка животна драма, голема љубовна трагедија и тајни кои со години беа скриени од јавноста.

Првата љубов ѝ починала на градите
Првата голема љубов на Мерил беше актерот Џон Казале, во кого лудо се вљуби на аудиција во 1976 година. Откако на Казале му беше дијагностициран рак на белите дробови во краен стадиум, студиото сакаше да го отпушти од филмот „Ловец на елени“, но Мерил им се закани со отказ ако се обидат да го направат тоа.
Цели пет месеци била постојано до него. Кога во ноќта на 12 март 1978 година докторот ѝ соопштил дека починал, Мерил се фрлила врз неговото тело, удирајќи го во градите и врескајќи. Во тој момент, Џон за последен пат ги отворил очите и со слаб глас ѝ рекол:
„Во ред е, Мерил, во ред е“, по што засекогаш ги затворил очите.
Нов брак по само 6 месеци
Целосно исцрпена од болка, Мерил не можела да остане во станот каде што живееле заедно. Тогаш пријателот на нејзиниот брат, вајарот Дон Гамер, ѝ го понудил својот стан додека тој бил на пат. Меѓу нив брзо се родила љубов, а на големо изненадување, Мерил се омажила за Дон во септември 1978 година, само шест месеци по смртта на Казале.
„Секако дека не ја преболев смртта на Џон, но морав да продолжам да живеам, а Дон ми покажа како“, изјави таа подоцна.
Заедно добија четири деца, синот Хенри и ќерките Мејми, Грејс и Луиза. Интересно е што сите нејзини деца денес успешно се занимаваат со уметност и важат за скромни луѓе кои бегаат од етикетата „непо-бебиња“. Иако сите личат и на татко им, на неодамнешната премиера на „Ѓаволот носи Прада“ каде што се појавија заедно, сите коментираа дека доминантните гени на Мерил победиле, ќерките се нејзина копија.
Тајна што ја криеше со години
Иако важеа за еден од најстабилните и најскладните холивудски парови, дури неодамна одекна веста која го шокираше светот, Мерил Стрип и Дон Гамер всушност живееле одвоено повеќе од шест години, а нивниот 39-годишен брак одмана бил завршен. Иако секогаш се грижат еден за друг, јавноста остана фасцинирана од фактот како една од најголемите ѕвезди на планетата успеала со години толку вешто да го сокрие својот развод и приватен живот.
Опсесија за мажите во Холивуд
А, мажите лудуваа по нејзиниот талент и енергија. Џек Николсон толку многу се заљуби во неа за време на едно снимање и бил толку нападен, што Мерил го исфрли од хотелската соба и се заколнала дека никогаш повеќе нема да сними филм со него.
По филмот „Мојата Африка“ со години кружеа гласини за нејзина врска со Роберт Редфорд (за кого призна дека била вистински заљубена во него), додека актерот Џереми Ајронс најдобро ја опиша моќта на нејзината глума:
„Оној ден кога ја снимавме љубовната сцена, Мерил и јас имавме афера. А кога камерата се исклучи, нашата афера престана. Толку беше убедлива“.
Мерил Стрип и денес изгледа фантастично без ниту една естетска операција. Нејзиниот рецепт за вечна младост е едноставен, умерена исхрана базирана на свежа храна, пливање и јога, заштита од сонце и што е најважно, позитивна енергија и многу смеење.


