„Не живеат заедно шест години“: Мерил Стрип се разведе од сопругот по 45 години брак

Мерил Стрип и Дон Гамер / Фото: EPA

Американската актерка Мерил Стрип (74) и нејзиниот сопруг Дон Гамер (76), со кој беше во брак 45 години, живеат одвоени животи, потврди извор за „Пејџ сикс“.

Имено, оскаровката и прославениот скулптор се разделени повеќе од шест години.

„Дон Гамер и Мерил Стрип се разделени повеќе од шест години, и иако секогаш ќе се грижат еден за друг, тие избраа да живеат одвоени животи“, изјави претставникот на холивудската актерка.

Стрип, која присуствуваше на наградите „Princesa de Asturias“ во 2023 година, одлучи да не ја извади бурмата. Славната двојка последен пат беше видена заедно на црвениот тепих на филмските награди Оскар во 2018 година.

Мерил Стрип и Дон Гамер / Фото: EPA

Тие имаат четири деца: пејачот и текстописец Хенри Волф (43), актерките Мами Гамер (40), Грејс Гамер (37) и Луиза Џејкобсон (30).

Имаат и пет внуци. Нивниот син Хенри има две деца со сопругата Тамрин Сторм Хокер, додека Мами има две деца со сопругот Мехар Сети. Грејс неодамна го роди своето прво дете со сопругот, продуцентот Марк Ронсон. Што се однесува до Луиз, таа е најпозната по нејзината главна улога во серијата на Ејџ-би-о – „The Gilded Age“.

Стрип и Гамер се запознале во 1978 година. Во тоа време, актерката тагувала за загубата на нејзиниот покоен дечко и колега Џон Казале, кој почина од рак на белите дробови таа година.

Стрип и Гамер се венчаа истата година и оттогаш ја држеа својата врска подалеку од очите на јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот