ФОТО | Квентин Тарантино и Кајли Миног снимаат филм — беа „уловени“ во мало велшко гратче
Кајли Миног и Квентин Тарантино ги оставија во неверување луѓето во едно мало велшко гратче, додека снимаа сцени за нивниот нов филм.
Препорачано
Пејачката и режисерот на „Кил Бил“ и „Евтини приказни“, биле забележани како снимаат во малото гратче Порткол во Велс овој викенд, привлекувајќи голема публика, пренесува „Метро“.
Двојката била видена како снима филмски сцени од погреб во црквата Њутн. Потоа го снимиле бдеењето во локален паб, „СолтвотериИн“, па биле видени во бар и ресторан на брегот, каде што се смееле и пееле заедно.
Kylie Minogue and Quentin Tarantino spotted filming in Welsh seaside town.
Read here: https://t.co/0wm9CASV34 pic.twitter.com/2fm0RdiwDQ
— Kylie.TWST | fan account (@KylieTWST) June 21, 2026
Велшкиот режисер Џејми Адамс е вклучен во претстојниот филм со Миног и тарантино, која ќе се снима во тајност, а насловот и заплетот се чуваат во тајност. Новиот филм ќе го снимаат продуцентите од Њујорк, „Визор ентертејнмент“.
Ова не е прва соработка меѓу режисерот Адамс и Тарантино. На филмскиот фестивал „Трајбека“ беше прикажан нивниот претходен проект „Само она што го носиме“, во кој покрај Тарантино настапуваат и Сајмон Пег и Шарлот Генсбур.
Еден обожавател зборуваше за моментот кога го видел Квентин во лобито на хотелот во Кардиф. Хелен Харви, од Свиндон, вели дека наишла на режисерот како чита на маса со „куп книги“.
Таа изјавила за Би-би-си: „Се вратив кај пријателките и реков ‘таму има еден тип кој личи на Квентин Тарантино’. Мојата пријателка рече дека слушнала дека престојува во хотелот, па се вратив само за да му кажам дека ги сакам неговите филмови, дека сум голем обожавател“.


