Принцот Хари и Меган Маркл / Фото: Zak Hussein / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

ФОТО | „Нашиот еден и единствен“: Меган Маркл сподели редок семеен момент од принцот Хари со децата

Меган Маркл, по повод Денот на татковците, му посвети емотивна објава на принцот Хари, а воедно со јавноста сподели и ретка семејна фотографија од сопругот и нивните деца.

Војвотката од Сасекс објави фотографија од Хари со нивниот седумгодишен син Арчи и петгодишната ќерка Лилибет, придружена со пораката: „Тие имаат огромна среќа што те имаат тебе. Сите ние ја имаме таа среќа. Среќен Ден на татковците на нашиот еден и единствен.“

На фотографијата се гледа како Арчи и Лилибет цврсто го прегрнуваат својот татко, додека Хари широко се насмевнува кон камерата – сцена што ретко може да се види откако двојката се повлече од кралските должности.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meghan, Duchess of Sussex (@meghan)

Да потсетиме, во 2021 година, Хари и Меган трајно се откажаа од улогата на високи, активни членови на британското кралско семејство и заедно со децата се преселија во Монтесито, во американската сојузна држава Калифорнија, каде што ги воспитуваат Арчи и Лилибет далеку од британските таблоиди и притисокот на кралскиот двор.

Како што објавија британските медиуми минатата недела, двојката наводно планира, по четири години, заедно со децата да се врати во Велика Британија. Причината за посетата би требало да биде учеството во настаните поврзани со одбројувањето на една година до следните „Игри на непокорените“ (Invictus Games), кои ќе се одржат во Бирмингем во 2027 година.

Нивните деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет, последен пат лично го виделе својот дедо, кралот Чарлс Трети, за време на прославата на Платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора во 2022 година.

ФОТО | Црвенокосата принцеза Лилибет наполни 5 години — Меган Маркл сподели досега невидени семејни моменти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот