Печатење учебници/Фото: МОН

Трета година по ред учебниците не се проблем и ќе бидат доставени до 1 септември, тврди Јаневска

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, тврди дека трета година по ред учебниците не претставувале проблем и дека тие навреме ќе биле доставени до училиштата пред почетокот на новата учебна година.

Одговарајќи на новинарско прашање, Јаневска истакна дека испораката на учебниците за учениците од прво до трето одделение започнала уште во април и мај, додека во текот на следната недела ќе започне и дистрибуцијата на учебниците за сите одделенија од прво до деветто.

„Трета година по ред учебниците не претставуваат проблем во оваа држава и редовно се доставуваат до 1 септември, кога почнува училишната година“, изјави Јаневска.

Таа рече дека досега се испорачани околу 250.000 учебници за учениците од прво до трето одделение, а вкупниот број учебници што ќе бидат дистрибуирани изнесува околу милион и пол примероци.

Мицкоски: Жалам што во време на вештачка интелигенција, ние се радуваме за навремена достава на учебници

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска исто така тврдеше дека учебниците за новата учебна година ќе се доставуваат на време.

„Ако пред 10-тина, 15 години зборувавме за компјутер за секое дете, денеска се радуваме ако учебниците ги доставиме на време, за да можат децата да ги користат. За жал имавме една катаклизма, којашто 7 години беше влада во Македонија и последиците се разорни. Работиме приоритет по приоритет за да ги вратиме работите во нормала. Јас сум свесен дека има граѓани коишто трпението им е при крај, но важно е да ние нашите цели и приоритети ги реализираме и да оставиме впечаток дека даваме максимум за да работите се доведат онаму каде што им е местото. Еден од тие процеси е и ова системско решавање за снабдување на нашите најмили, на децата, со учебници“, рече Мицкоски по посетата на ООУ „Љубен Лапе“ во Аеродром.

На Светскиот ден на Ромите, учениците од шесто одделение го добија првиот учебник на мајчин јазик

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот