Хорор во Калифорнија: вооружен напаѓач убил двајца луѓе во библиотека и повредил дете
Непознат напаѓач вчера пукал во библиотека во северна Калифорнија и убил двајца луѓе, а повредил и дете, објави „Лос Анџелес тајмс“.
Препорачано
Полицијата добила повик за пукање во филијалата на Библиотеката на округот Бјут, во градот Чико, изјави началникот на полицијата, Били Олдрич, на вечерна прес-конференција. За време на повикот, во позадина се слушале звуци од истрели и вресоци, рече тој.
Двајца возрасни луѓе биле убиени, а дете биле пренесено во болницата Енло со полесни повреди. Кога полицајците пристигнале, осомничениот побегнал низ задниот дел од зградата и бил приведен од полицајци кои биле распоредени надвор, изјави Олдрич.
Истражителите соопштија дека осомничениот дејствувал сам. Полицијата наведе дека било пронајдено едно огнено оружје.
Мотивот за пукањето засега е непознат.
Идентитетите на жртвите ќе бидат објавени во вторник наутро по известување на нивните најблиски, соопшти полицијата.
„Оваа вечер беше очигледно многу тажна и трауматична за многу луѓе, многу трауматична за нашата заедница. Моите мисли и молитви се со семејствата на жртвите,“ изјави Олдрич.


