Цементарница - УСИЕ. - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Цементарница - УСЈЕ. - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Цементарницата бара да продолжи да ги труе скопјани со застарени стандарди, обвини „Стоп за Усје“ пред денешниот протест

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ попладнево во Скопје организира протестен марш, поради, како што велат, барањето на цементарницата „Титан Усје“ за продолжување на А-интегрираната дозвола врз основа на застарени стандарди.

Од иницијативата посочуваат дека, наместо усогласување со европските норми и најдобрите достапни техники, „Усје“ бара продолжување на работењето со гранични вредности за загадување од 2007 година.

При тоа, како што тврдат, во барањето за продолжување на дозволата не се предвидени конкретни мерки за намалување на емисиите.

„Верзијата на барањето која е објавена за увид не само што не е подготвена според идните стандарди, туку содржи и помалку информации од постојната дозвола. Во документот се наведени гранични вредности за само три загадувачи, кои се идентични со оние од старата дозвола и се до осум пати повисоки од важечките стандарди во Европската Унија“, велат од „Стоп за Усје“.

Тие додаваат дека е особено загрижувачки што со документот не е предвиден ниту мониторинг на опасни загадувачи, како што се тешките метали, диоксините и фураните.

„Со вакво барање, ‘Усје’ практично бара да продолжи да ги труе скопјани со застарени стандарди кои не одговараат на европските норми. МЖСПП не смее да усвои неусогласена и незаконска дозвола. Наместо тоа, мора да ги вгради предлозите на граѓанското општество и да обезбеди усогласување со најдобрите достапни техники, за да се заштити здравјето на граѓаните и квалитетот на воздухот во Скопје“, велат од иницијативата.

Протестот се одржува под слоганот „Не за нова дозвола за Усје по стари правила“, а почетокот е закажан во 18 часот пред Собранието, од каде учесниците ќе се упатат кон Министерството за животна средина и просторно планирање.

„Стоп за Усје“ со нова акција пред Министерство за животна средина: „Одлучете дали ќе застанете покрај здравјето или зад профитот“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот