Фото: EPA/BENJAMIN FANJOY

ВИДЕО | Алжир го урна Јордан и го исфрли од Светското првенство

Во натпреварот од второто коло од Групата Ј на Светското фудбалско првенство во Сан Франциско, репрезентацијата на Алжир го победи Јордан со 2:1 (0:1). Јордан поведе со голот на Низар Ал Рашдан во 36 минута од мечот, а Алжир направи пресврт преку Надир Бенбуали (69`) и Амине Гури (82`).

Дуел во кој двата тима го дадоа својот максимум, а поискусниот и поквалитетен Алжир победи, додека дебитантот Јордан остана без шанси за пласман во нокаут фазата.

Во многу борбено прво полувреме, Алжирците имаа поголем посед на топката, но Јорданците постигнаа гол. Азискиот тим започна брз контранапад во 36-тата минута, кој беше завршен со силен удар на Низар Ал Рашдан, оставајќи го голманот Лука Зидан немоќен.

Алжирците израмнија во 69 минута кога, по корнер-шутот од Ријад Марез, највисоко скокна Надир Бенбуали со глава и ја испрати топката во противничката мрежа за 1:1. Во 82 минута следеше целосен пресврт, повторно од корнер. По голема мешаница, топката стигна до напаѓачот на Марсеј, Гури, кој постигна донекаде среќен гол од непосредна близина, а голот беше признат дури по многу долга ВАР проверка.

Аргентина во оваа група има шест бода, Австрија и Алжир имаат по три, а Јордан ниту еден. Во последното трето коло, Јордан ќе игра против Аргентина, а Алжир ќе се соочи со Австрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот