Фото: EPA/GREG M. COOPER

ВИДЕО | Норвешка оди во нокаут фазата, Халанд двоен стрелец против Сенегал

По Франција од групата И, и репрезентацијата на Норвешка обезбеди пласман во нокаут фазата на Светското фудбалско првенство, победувајќи го Сенегал со 3:2 (1:0) во второто коло во Њу Џерси.

Норвешка и Франција имаат максимални шест бода и ќе го одлучат победникот во групата во директен дуел во третото коло. Тој натпревар ќе се игра во Бостон на 26 јуни. Во тој натпревар, нерешено за првото место ќе им одговара на Французите, бидејќи во моментов имаат еден гол предност пред Норвежаните.

Сенегал и Ирак имаат нула бода и ќе бараат победа, три бода и евентуален пласман како една од осумте најдобри третопласирани репрезентации во меѓусебниот натпревар, во исто време во Торонто.

Норвешка поведе на крајот од првото полувреме по грешката на Кулибали, а Маркус Холмгрен Педерсен постигна гол во 43 минута. Потоа, Ерлинг Халанд постигна гол за 2:0 во 48 минута, по убава асистенција од Одегард, додека Сенегал ја намали негативата во 53 минута кога Исмаила Сар ја затресе норвешката мрежа.

Во 58 минута, Халанд постигна уште еден гол. Под пречката стрелаше за 3:1, а голманот Менди се повреди обидувајќи се да го одбрани ударот. Скокна високо, потоа падна и ја напушти играта по лекарската интервенција. Сенегал до крајот на мечот успеа да постигна уште еден гол, во судиското надополнување (90+3`), Исмаила Сар го запиша својот втор гол на натпреварот.

За прв пат во својата историја, Норвешка забележа две победи во групната фаза од натпреварувањето. Ова беше 52 настап на Халанд во националниот тим и сега е стрелец на 59 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот