Дожд во Скопје/фото: Слободан Ѓуриќ/Слободен печат

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА | Сончево со повремена облачност, попладне дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне под влијание на циклонска активност ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, со грмежи и со засилен ветер. Локално се очекуваат обилен пороен дожд и силен ветер, со можна појава на град.

Минималната температура ќе се движи од 11 до 18 Целзиусови степени, а максималната од 25 до 36 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови се најавуваат услови на нестабилна облачност, проследена со дожд, со грмежи и со засилен северен ветер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот