Киев, Украина /Фото: Anna Marchenko / TASS / Profimedia

Двајца агенти на руските служби планирале експлозија во Киев — украинските власти ги уапсија

Службата за безбедност на Украина и Националната полиција вчера привеле двајца агенти на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) кои планирале да разнесат една од административните згради во центарот на Киев, објави „Укринформ“.

Осомничените, идентификувани како двајца жители на Киев, биле фатени додека се обидувале да побегнат во Русија.

Според истражителите, осомничените претходно поставиле импровизирана експлозивна направа во киевскиот реон Шевченковски и планирале да ја активираат далечински.

Полицијата изјави дека едниот од сторителите е регрут кој неовластено ја напуштил својата воена единица, а другиот е маркетинг специјалист.

Двајцата осомничени биле контактирани од руските специјални служби преку „Телеграм“ канали, каде што објавувале коментари со поддршка за кремљскиот режим, велат истражителите.

Доколку ја извршеле мисијата, Русите им ветиле евакуација на агентите на руска територија и нивно последователно вработување во ФСБ.

При претресите, на приведените им биле одземени мобилни телефони со докази за нивна соработка со руските служби, како и гумен чамец наменет за нелегално преминување на државната граница.

Осомничените се во притвор и им се заканува доживотна казна затвор.

Група руски агенти уапсена во Одеса, им се заканува доживотен затвор поради шпионажа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот