Јужна Кореја / Фото EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA OUT

Отворени сме да ги прифатиме сите севернокорејски војници заробени од Украина, велат од Јужна Кореја

Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја соопшти дека е Сеул е подготвен, ако сакаат, да ги прими севернокорејските воени заробеници од Украина, пренесува Ројтерс.

„Јужна Кореја ќе ги прифати севернокорејските граѓани заробени од украинските сили за време на нивните борби на страната на Русија, доколку сакаат“, се наведува во соопштението на јужнокорејското МНР.

Во соопштението се потенцира дека Јужна Кореја е против на репатријацијата на севернокорејските воени заробеници во Северна Кореја против нивна волја.

Во Сеул на 30 јуни е предвидена средба помеѓу министрите за надворешни работи на Јужна Кореја и Украина, Чо Хјун и Андриј Сибиха.

Погоден јужнокорејски брод во Ормускиот Теснец — Сеул размислува да се приклучи на американската мисија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот