ВИДЕО | Дроновите сеат смрт од Суми до Воронеж — загина семејство во Украина, петмина убиени во руска фабрика

Руски напад со дрон врз градот Суми, во североисточна Украина, уби тројца членови на исто семејство, меѓу нив и 13-годишно момче, додека, пак, украински напад врз руска индустриска фабрика усмрти петмина, објави „Ен-би-си њуз“.

Нападот во Суми погодил дом и ги усмртил 36-годишен маж, неговиот син и 73-годишната мајка на неговата партнерка, изјави Олех Хрихоров, шеф на регионалната воена администрација. Партнерката на мажот и неговиот 10-годишен син биле ранети, додаде тој.

„Обичен дом — никако воена цел“, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на „Икс“.

Украинскиот ракетен напад врз индустриската фабрика во Воронеж, во југозападна Русија, усмрти петмина и повреди десетици други, изјави гувернерот Александар Гусев. Тој не ја именуваше фабриката.

Генералштабот на Украина соопшти дека била погодена фабрика во Воронеж која произведува електронски делови за руски ракетни и системи за противвоздушна одбрана.

Русија продолжува со масовни напади врз украински градови со дронови и со ракети, додека Украина сè почесто изведува удари длабоко на руска територија, насочени кон нафтени постројки, воена инфраструктура и кон фабрики поврзани со руската одбрана.

Според Обединетите нации, од почетокот на војната загинале повеќе од 16.000 цивили, а дипломатските обиди предводени од САД досега не донеле прекин на борбите. Мониторинг-мисијата на ОН за човекови права во Украина предупредува дека бројот на цивилни жртви повторно расте, во период кога руските сили се обидуваат да постигнат поголем напредок на фронтот.

Москва ги затвори главните аеродроми – Украина ја нападна престолнината на Русија со дронови

Во мај биле убиени најмалку 274 цивили, а 1.763 биле повредени, што е највисок месечен биланс од април 2022 година. Според мисијата, најголем дел од жртвите се регистрирани во градови далеку од линијата на фронтот.

Украинските власти соопштија дека Русија во текот на ноќта лансирала 88 дронови со долг дострел и една балистичка ракета, од кои 79 биле соборени или неутрализирани.

Москва, пак, тврди дека пресретнала 301 украински дрон, меѓу кои и 84 насочени кон руската престолнина, поради што сите четири московски аеродроми привремено ги запреле летовите.

Поради украинските далекудосежни напади, руските власти на окупираниот Крим ја запреа продажбата на бензин за цивили, а летните кампови престанале да примаат деца и нови резервации до 1 септември.

ВИДЕО | „Го видовме Кримскиот мост одблизу“ – Украина најави силни удари на Крим

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот