Фото: EPA/JUAN IGNACIO RONCORONI

Ибрахимовиќ за Меси: „Опседнат сум со него“

Лионел Меси продолжува да доминира на Светското првенство, откако со хет-трик против Алжир и нови два погодоци во триумфот над Австрија ја предводеше Аргентина до пласман во следната фаза на 23-то издание на мундијалот. Капитенот на „гаучосите“ е централна фигура на турнирот, а по неговите настапи следат низа пофалби од фудбалската јавност.

Меѓу оние кои отворено го коментираа неговиот настап беше и Златан Ибрахимовиќ, кој во студио на „Фокс ТВ“ зборуваше со големо воодушевување за Аргентинецот.

Тој истакна дека Меси во одредени моменти изгледа „натчовечки“, нагласувајќи дека токму тој моментално го води целиот турнир со своите партии.

„ Немаше сомнение (дека ќе го сруши рекордот за голови). Има моменти кога Меси изгледа како човек, како моментот кога го промаши пеналот. А потоа има моменти кога изгледа како натчовечки. Но, тоа е Меси. Ова е негово Светско првенство засега. И тој сè уште не играл против Џордан и не знам каде ќе заврши ова. Тој постигна пет погодоци на два натпревари, а јас имам нула голови на две Светски првенства. Неговиот роденден е за неколку дена и нека ужива во него, како што уживаме гледајќи го како игра. Неверојатно е и немам зборови да го опишам. Опседнат сум со него. Сè уште не можам да разберам како некој може така да ја контролира топката… “, рече Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ додаде дека Меси не само што постигнува голови, туку и ја контролира играта и го диктира ритамот на Аргентина, опишувајќи го како играч што ја „движи целата екипа“, додека неговите соиграчи го следат неговиот водечки стил на игра.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Меси е нов крал на мундијалските стрелци, Халанд и Мбапе си тераат по старо

ВИДЕО | Гол за историја во Далас: Меси е најдобар стрелец во историјата на Мундијалите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот