Бомба во НБА: Адетокумбо го напушта Милвоки и се сели во Мајами
Грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо кариерата ќе ја продолжи во Мајами Хит, откако ноќеска беше реализиран еден од најголемите трејдови во поновата НБА историја.
Препорачано
Според договорот меѓу Милвоки Бакс и Мајами Хит, заедно со Адетокумбо во Флорида се сели и искусниот Боби Портис. Во спротивна насока заминуваат Тајлер Хиро, Келел Веар, Хаиме Хакез Џуниор и Каспарас Јакучонис, како и значаен пакет избори на идни НБА драфтови.
ВИДЕО | Што гледаа судиите во НБА? Ова би биле „чекори“ и во ракомет
Бакс во размената добиваат избор на 13. пик од овогодинешниот драфт, два незаштитени пика од првата рунда во 2031 и 2033 година, како и право на размена на пикови во 2030 година и пик од втората рунда во 2033 година.
Со овој потег завршува 13-годишната ера на Адетокумбо во Милвоки, каде што стана лице на франшизата, двапати ја освои наградата за МВП и во 2021 година ја предводеше екипата до шампионската титула во НБА, прва по половина век.
Овој блокбастер трејд веднаш ја менува сликата на Источната конференција и го позиционира Мајами како еден од главните кандидати за титулата, додека Милвоки започнува процес на реконструкција на тимот.
ВИДЕО: Јанис во последна минута му одржа час по одбрана на Леброн и го водеше Милвоки до победа


