Фото: Screenshot

ВИДЕО | Што гледаа судиите во НБА? Ова би биле „чекори“ и во ракомет

Грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо изминатата вечер прикажа уште еден одличен настап во НБА лигата во натпреварот за Милвоки против Њујорк, но се најде и во една интересна ситуација.

Адетокумбо во еден напад направи чекори кои би се досудиле дури и во ракомет. Грчкиот кошаркар направи пет чекори без да ја удри топката од земја, меѓутоа судиите не се огласија.

Јавноста претпоставува дека на ваквите чекори се прогледува низ прсти поради атрактивноста за гледачите.

Ќе потсетиме, Милвоки на свој терен славеше над Њујорк Никси со 121-111. Јанис натпреварот го заврши со 33 поени, осум скока и седум асистенции за 33 минути на паркетот.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот