ВИДЕО: Јанис во последна минута му одржа час по одбрана на Леброн и го водеше Милвоки до победа
Јанис Адетокумбо беше херојот на Милвоки во драматичната завршница на дуелот против Лос Анџелес Лејкерс, во кој Бакс славеа со 105:101. Во последната минута од натпреварот, грчката ѕвезда му одржа вистинска лекција по одбрана на Леброн Џејмс и директно го отвори патот кон победата на својата екипа.
Препорачано
Клучните моменти се случија при резултат 101-101, кога на 39 секунди до крајот Адетокумбо му го блокираше продорот на Леброн. Малку подоцна, на 16,2 секунди пред истекот, Кевин Портер беше сигурен од линијата за слободни фрлања и со два погодока им донесе предност на Бакс.
Лејкерс го имаа последниот напад, но секунда и половина пред крајот повторно Адетокумбо се најде во центарот на вниманието, откако ја изби топката од рацете на Џејмс. Портер повторно беше фаулиран и уште еднаш ги погоди двата слободни удари, со што ја запечати петтата победа на Милвоки во последните седум натпревари и им го нанесе шестиот пораз на Лејкерс во последните десет мечеви.
Адетокумбо натпреварот го заврши со 21 поен, што е негов најслаб офанзивен учинок откако се врати по повредата на листот, додека Портер беше најефикасен кај Милвоки со 22 поена.
Во редовите на Лејкерс се истакна Лука Дончиќ со 24 поени и девет асистенции, иако имаше лош шут од игра (8/25), додека Леброн Џејмс запиша 26 поени, девет скокови и десет асистенции.
НБА ЛИГА РЕЗУЛТАТИ:
Бостон Селтикс – Торонто Репторс 125:117
Орландо Меџик – Филаделфија 76ерс 91:103
Вашингтон Визардс – Њу Орлеанс Пеликанс 107:128
Бруклин Нетс – Лос Анџелес Клиперс 105:121
Мемфис Гризлис – Оклахома Сити Тандер 116:117
Финикс Санс – Њујорк Никс 112:107
Денвер Нагетс – Атланта Хокс 87:110
Голден Стејт Вориорс – Сакраменто Кингс 137:103
Портланд Трејл Блејзерс – Хјустон Рокетс 111:105
Лос Анџелес Лејкерс – Милвоки Бакс 101:105


