Учебник за учениците Роми / Фото: МОН

На Светскиот ден на Ромите, учениците од шесто одделение го добија првиот учебник на мајчин јазик

На Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април, учениците Роми од шесто одделение за првпат добиваат учебник на мајчин јазик.

Тие оваа година ќе учат јазик и култура на мајчин јазик со одобрен учебник, откако претходните ракописи не поминале низ комисиската проверка. Националната комисија за учебници при МОН го одобри ракописот на 11 март 2026 година.

Учениците Роми во Македонија го изучуваат мајчиниот јазик преку изборниот предмет „Јазик и култура на Ромите”, застапен од четврто до деветто одделение. Наставата моментално ја следат над 2.500 ученици во шест општини, но предметот долго време функционираше без редовни учебници за сите одделенија.

За предметот „Јазик и култура на Ромите” од шесто до деветто одделение, ракописите поднесени на претходни конкурси не беа одобрени затоа што комисијата утврди дека не ги исполнуваат стандардите и беше потребно формирање нови авторски тимови. Тоа значи дека наставата со години се одвиваше без стандарден учебник.

На седницата одржана на 11 март 2026 година, Националната комисија за учебници за основно и средно образование го одобри ракописот со шифра 113, поднесен по Конкурсот од февруари 2025 година. Одлуката е формализирана преку Педагошката служба при МОН.

Со новиот учебник за шесто одделение чиј автор е Даниел Петровски, за прв пат се обезбедува надградба на наставниот процес.

Од Министерството за образование и наука информираат дека во тек е и постапка за изработка на учебник за седмо одделение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот