химара албанија
Химара, Албанија / EPA-EFE/MALTON DIBRA

Протестите во Албанија ги исплашија туристите, се откажуваат резервации

Протестите што траат повеќе од една недела во Албанија предизвикале загриженост во туристичкиот сектор поради откажаните резервации и падот на побарувачката, објави „Топ чанел“.

Според претставници на индустријата, дел од странските туристи ги откажале своите резервации или станале повнимателни при изборот на Албанија како летна дестинација.

Туристичките оператори велат дека несигурноста создадена од последните случувања влијаела и врз бројот на продадени туристички пакети.

„Имаме голем број откажувања од Словачка. Исто така, имавме откажувања и од Германија. Она што мене ме загрижува е што луѓето не купуваат и велат: од каде да знаеме како ќе биде утре?“, изјави Рахман Касај, претседател на „Туристичка унија“.

Протестите наречени „Фламинго“ довеле до тоа многу туристички агенции да ја отстранат Албанија од листата на препорачани дестинации.

ВИДЕО | Стотици луѓе протестираа во Албанија против луксузниот проект на зетот на Трамп

Според туроператорите, туристичката индустрија е особено чувствителна на протести и на внатрешни политички тензии.

„Нормално, никој не ја избира вашата земја за туристичка цел ако ја доживува како нестабилна. Од светското искуство знаеме дека ако туризмот биде погоден, закрепнувањето трае долго и е многу скапо. Тоа сме го виделе во Тунис и Египет, но може да се случи и кај нас“, изјави Енвер Мехмети, претседател на АТА.

Во 2025 година, Албанија ја посетиле 12,4 милиони странски државјани, кои генерирале 5,72 милијарди евра приходи, што го прави туризмот една од клучните економски гранки во земјата.

Албанија за шест месеци собра 2,1 милијарди евра приходи од туризам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот