За жителите на Гази Баба и годинава има субвенции за купување печки на пелети
Општина Гази Баба и годинава ќе ги субвенционира граѓаните кои ќе кушат печки на пелети, со надоместување до 50 отсто од трошоците за купување на печките, но најмногу до 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Јавниот повик е објавен вчера и ќе трае до 30 ноември, односно додека не се потрошат финансиски средства за оваа намена од Буџетот на Општина.
Со оваа мерка се поттикнува користењето на поеколошки и поефикасни системи за затоплување, кои придонесуваат за: намалување на загадувањето на воздухот, за почиста и поздрава животна средина, за пефикасно и поквалитетно затоплување на домовите, за нмалување на трошоците за греење на долг рок и за поттикнување на користење енергенси со помало влијание врз животната средина. Ги повикуваме сите жители на Општина Гази Баба кои ги исполнуваат условите да ја искористат оваа можност и да аплицираат за финансиска поддршка – велат од Општина Гази Баба.
Деталните услови, потребната документација, висината на субвенцијата и рокот за аплицирање се наведени во јавниот повик, на кој немаат право да аплицираат жителите кои живеат во станови со приклучок на градско централно греење, како и жителите кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.
.


