Сотир Лукровски: Фото: Општина Карпош

Отворен ден во Карпош: Лукровски в четврток ќе одговара на прашањата на граѓаните

Карпошани кои имаат некое прашање, предлог или идеја поврзани со проблемите со кои се соочуваат во општината, можат да дојдат во четврток, 9 јули, на средба со градоначалникот Сотир Лукровски и директно да му ги соопштат.

Како што информираат од Општината, градоначалникот и раководителите на секторите ќе ги пречекаат заинтересираните граѓани во холот на новата општинска зграда во Карпош 3, во периодот од 14 до 17 часот.

За средбата не е потребна најава за присуство, односно, според соопштението, влезот е слободен за жителите на Карпош.

Лукровски со свои очи ги виде условите во „Пролет 1“ каде што се згрижени деца од две градинки – таму сѐ било во ред

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот