ФОТО | Авиокомпанија му фати сеир на Роналдо по елиминацијата од Мундијалот
Португалија го заврши настапот на Светското првенство по поразот од Шпанија со 1-0 во осминафиналето, а сè погласни се шпекулациите дека Кристијано Роналдо можеби го одигра последниот натпревар на најголемата фудбалска сцена.
Препорачано
Легендарниот Португалец, кој на 41-годишна возраст го запиша својот 233-ти настап за националниот тим, на овој Мундијал постигна три гола, два против Узбекистан и еден против Хрватска. Сепак, тоа не беше доволно Португалија да продолжи понатаму, ниту пак Роналдо да се вклучи во борбата за најдобар стрелец на турнирот.
На врвот на листата моментално се Килијан Мбапе, Лионел Меси и Ерлинг Халанд со по седум погодоци. Тројцата сè уште имаат можност да го подобрат учинокот, бидејќи нивните репрезентации останаа во трката за светската титула.
Токму оваа статистика беше повод за уште една духовита објава на авиокомпанијата Рајанер, која е позната по своите шеги и провокативни пораки на социјалните мрежи. На официјалниот профил компанијата ја објави листата на најдобрите стрелци со тоа што кај Роналдо го искористија неговиот бренд „ЦР 7“ по кој е препознатлив во светот.

ВИДЕО | Кристијано Роналдо неславно се збогуваше од светските првенства


