Роберто Мартинез/EPA-EFE/Tolga Bozoglu

Мартинез заминува од клупата на Португалија, познато е кој ќе го наследи

Ерата на Роберто Мартинез на клупата на португалската репрезентација заврши. По елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство, Фудбалската федерација на Португалија донесе одлука да не ја продолжи соработката со шпанскиот стратег.

Мартинез функцијата селектор ја презеде во јануари 2023 година, кога го наследи Фернандо Сантос, но по нешто повеќе од три години дојде крајот на неговиот мандат.

„Ова е крај на еден циклус. Важно е репрезентацијата да добие нов селектор и сосема е нормално претседателот на Федерацијата да избере човек на кого му верува. Благодарен сум за целата поддршка што ја добив“, изјави Мартинез.

Португалските медиуми веќе откриваат дека претседателот на Федерацијата, Педро Проенса, има јасна идеја за наследникот. Прв избор за нов селектор е искусниот Жорге Жезус.

Се очекува 71-годишниот стратег да ја преземе репрезентацијата и да ја предводи во квалификациите за Европското првенство 2028, како и на Светското првенство 2030, на кое Португалија ќе биде еден од домаќините заедно со Шпанија и Мароко.

Жезус моментално е без ангажман откако го напушти Ал Наср на крајот од минатата сезона. Искусниот тренер допрва треба да ги заврши последните разговори со челниците на Федерацијата, а договорот би требало да биде финализиран по враќањето на португалската репрезентација дома.

ВИДЕО | Џабе реагираше Трамп — ниту Балогун не ги спаси САД од дебакл против Белгија

ВИДЕО | Кристијано Роналдо неславно се збогуваше од светските првенства

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот