Фото: EPA/CHRISTOPHER NEUNDORF

ВИДЕО | Кристијано Роналдо неславно се збогуваше од светските првенства

Кристијано Роналдо (41) нема по најдобро да го памети својот последен настап на Светското првенство. Фудбалската репрезентација на Португалија беше елиминирана во осминафиналето од Шпанија (1:0).

Ова беше 233 натпревар за Кристијано Роналдо во дресот со националниот грб.

– Ова ќе биде моето последно Светско првенство. Што и да се случи, ќе си заминам со чиста совест бидејќи на репрезентацијата ѝ дадов сè што имав – рече Роналдо пред натпреварот со Шпанија.

По натпреварот, Роналдо не можеше да ги скрие солзите додека ги поздравуваше навивачите на Португалија и го напушташе теренот.

Роналдо постигна 146 гола и запиша 46 асистенции за репрезентацијата на Португалија во 233 натпревари.

Најголемиот успех со националниот тим беше освојувањето на титулата на Европското првенство во 2016 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот