Фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Клоп за поништениот црвен картон на Балогун: „Фудбалот е наша игра, а не нивна“

Според најавите, идниот нов селектор на фудбалската репрезентација на Германија, Јирген Клоп, испрати критики до претседателот на САД, Доналд Трамп и претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, чиешто лошо работење фрли сенка врз Светското првенство во САД, Мексико и Канада.

Се појави најновата во низата шокантни вести за претседателите на САД и ФИФА – Трамп се јави во Светската куќа на фудбалот и лобираше американскиот репрезентативец Фоларин Балогун да биде „помилуван“ и да му биде дозволено да игра против Белгија во осминафиналето.

Со ваквата одлука не се согласува поранешниот тренер на Борусија Дортмунд и Ливерпул:

– Фудбалот е наша игра, а не нивна. Двајца луѓе кои не го разбираат фудбалот не треба да се мешаат во него. Стартот на Балогун беше за црвен картон, и тоа е тоа. Жал ми е за него, бидејќи навистина немаше никакви лоши намери – изјави 59-годишниот Клоп за МагентаТВ, каде што работи како телевизиски коментатор за време на Мундијалот.

ФИФА му дозволи на напаѓачот на американската репрезентација Балогун да игра против Белгија во понеделник. Играчот беше автоматски суспендиран откако доби црвен картон за време на натпреварот од осминафиналето против Босна и Херцеговина минатата недела. Суспензијата одеднаш стана „условна“, па тој ќе биде во составот на Маурисио Покетино.

Трамп и Инфантино создадоа чуден преседан, таква ситуација никогаш не е видена во долгата историја на фудбалот.

Што се однесува до стратегот од Штутгарт, Клоп се очекува наскоро да го наследи Јулијан Нагелсман на клупата на германската репрезентација, која беше елиминирана од Парагвај во 1/16 финалето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот