Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Вардар му позајми фудбалер на Арсими

Фудбалскиот клуб Арсими го обезбеди потписот на Ибрахим Оласебикан, кој во наредната сезона ќе настапува како позајмен играч од актуелниот македонски шампион Вардар.

Од таборот на Вардар официјално потврдија дека младиот фудбалер ќе ја мине следната година во дресот на Арсими, каде што ќе има можност за поголема минутажа и развој.

Интерес за ангажман на Оласебикан претходно покажуваше и Скопје, но раководството на Вардар на крајот одлучи тој кариерата привремено да ја продолжи во Арсими.

Вардар во изминатите денови испрати уште неколку фудбалери на позајмица. Мануел Куестас кариерата ќе ја продолжи во црногорскиот клуб Језеро, додека голманот Или Зибери во новата сезона ќе го брани голот на Тетекс.

Критериуми на Светското првенство: Никогаш помалку фаули, но најмногу исклучувања

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот