Возиња/EPA/RONALD WITTEK

Возиња веќе добил понуди од два клуба

Фудбалот уште еднаш покажа дека знае да испише најнеобични приказни, а една од нив ја пишува голманот на Зеленортските Острови, Возиња, кој на 40-годишна возраст стана вистинска светска сензација на Светското првенство.

Искусниот чувар на мрежата го привлече вниманието на светската јавност со одличните настапи на Мундијалот, особено по одбраните против Шпанија во првото коло, каде што со неколку клучни интервенции го запре европскиот шампион.

Добрата форма ја продолжи и во нокаут-фазата, каде што беше проблем и за актуелниот светски шампион Аргентина, бранејќи на високо ниво и над очекувањата.

По завршувањето на настапот на Светското првенство, Возиња се враќа во реалноста во која во моментов е без клуб, откако му истече договорот со португалскиот второлигаш Чавес, па сега е слободен агент.

Иако се очекуваше интерес од посилни европски клубови, засега пристигнале само две понуди и тоа од бразилските Атлетико Гојаненсе и Аваи, кои сакаат да го доведат во Бразил, земја во која тој досега не настапувал во кариерата.

Дополнително, се наведува дека Возиња веќе има и комерцијални понуди поврзани со Бразил поради големата популарност која ја доби на Светското првенство. Тој пред првенството имаше околу 40.000 следбеници на Инстаграм, а сега таа бројка е над 25 милиони со што стана и најследен голман на оваа социјалната мрежа.

Голманот Возиња на Мундијалот има повеќе дриблинзи од Роналдо

Тргнал на Мундијал во САД, останал во Барселона — навивач десет дена гледал фудбал без да знае дека го бара Интерпол

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот