Шкендија го потврди петтото засилување за новата сезона
Шкендија продолжува со екипирањето за новата сезона, а најновото засилување всушност е добро познато име за тетовските навивачи. Во клубот се врати Флорент Рамадани, кој по шестмесечен престој во косовска Дрита повторно ќе го носи дресот тетовскиот клуб.
Препорачано
Дваесет и петгодишниот играч за врска во јануари се пресели во Косово, но неговата авантура таму траеше само половина година. Како слободен фудбалер повторно се враќа во матичниот клуб, каде што ги направи своите први фудбалски чекори.
Рамадани е производ на младинската школа на Шкендија и поранешен младински репрезентативец на Македонија. Освен за Шкендија и Дрита, во својата кариера настапуваше и за Дрита од Боговиње, а зад себе има и повеќе настапи за младите национални селекции.
Тетовскиот клуб во новата сезона ќе го предводи Артим Положани, кој веќе работи на создавање конкурентен тим. Покрај враќањето на Рамадани, Шкендија досега ги претстави и новите засилувања Алмир Криезиу, Стенио Жуниор, Бојан Димоски и Рафаел де Фреитас Силва.
Вардар пред натпреварот со Купс испрати двајца фудбалери на позајмица, се преговара за уште еден
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
16мин
-
54мин
-
2час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


