Протести во Тирана: Фото-принтскрин

Масовен протест во Тирана, „Фламинго револуцијата“ ќе трае до заминувањето на Рама, најавија организаторите

Во Тирана синоќа беше одржан најмасовниот протест во историјата на земјата, со учество на неколку стотици илјади учесници, меѓу нив и голем број Албанци од дијаспората, кои пристигнаа во метрополата од неколку европски земји, но и Албанци од соседните земји, објавија медиумите.

Протестот почна во 19 часот, од плоштадот “Скендер бег”, до плоштадот “Народни херои” и пред владата каде се обратија повеќе говорници повторувајќи ги веќе познатите барања за оставка на премиерот Еди Рама и формирање ” непартиска влада со едногодишен мандат”. Потоа продолжија со марш низ градот.

Нападнати новинари на протестите во Тирана — се бара медиумите да работат без притисоци и заплашувања

На синоќешниот протест најголемо внимание привлече симболиката избрана за роденденот на премиерот, кој вчера го славеше 62-риот роденден. Демонстрантите донесоа бетонска торта со натпис „уште 100 години затвор“, украсена со фламинга, кои станаа симбол на протестите, првично започнати против изградбата на луксузно одморалиште во Зврнец.

Организаторите најавија дека протест ќе има и вечерва и ќе продолжат до заминување на Рама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот