Фото: илустрација / Митко Јанчев / Фејсбук

Во едно деноноќие 17 пожари низ Македонија, 16 се изгаснати, едниот е под контрола

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 17 пожари на отворен простор, од кои еден е ставен под контрола, а 16 се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Според информациите на ЦУК, под контрола е пожарот во Општина Македонски Брод, во атарот на селото Белица, каде што биле зафатени борова шума и ниска вегетација.

Изгаснати се пожарите во Општина Ѓорче Петров кај селото Кучково, во Велес кај селото Црквино, во Неготино кај селото Црвени Брегови и во Богданци кај селото Стојаково, каде горела претежно ниска и деградирана вегетација.

11 пожари на отворено денеска, еден е сè уште активен — пожарникари и „ер трактори“ го гаснат огнот кај Белица во Македонски Брод

Пожари се изгаснати и во Струмица кај селото Добрејци, во Босилово кај селото Босилово, како и во Општина Василево, на потегот меѓу селата Чанаклија и Ѓечерлија, каде биле зафатени депонија и ниска вегетација.

ЦУК информира дека локализирани и изгаснати се и пожарите кај манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, кај прилепското село Царевиќ, во селото Нов Караорман во Општина Карбинци, како и во штипската населба Баби до месноста Мирјанина Црква.

Меѓу изгаснатите се и пожарите во Берово кај селото Смојмирово, во Бутел на Љуботенски Пат, во Куманово на улицата „11 Ноември“, во Општина Брвеница кај селото Милетино и во Општина Кривогаштани кај селото Воѓани, каде гореле депонија и ниска вегетација.

Од Центарот за управување со кризи посочуваат дека состојбата со пожарите континуирано се следи и апелираат до граѓаните на внимателно однесување на отворен простор со цел спречување на појава на нови пожари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот