Трамп и Путин час и половина разговарале на телефон, најмногу за ситуацијата во Украина
Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговараl со својот американски колега Доналд Трамп по повод 250-годишнината од независноста на САД, соопшти Кремљ, појаснувајќи дека двајцата лидери разговарале за ситуацијата во Украина пред самитот на НАТО во Анкара.
Препорачано
„Претседателите природно го допреа прашањето за решавање на конфликтот во Украина, земајќи го предвид претстојното учество на Доналд Трамп на самитот на НАТО во Турција на 7 и 8 јули“, изјави дипломатскиот советник на Кремљ, Јуриј Ушаков, како што објави новинската агенција Риа Новости.
Според Ушаков, американскиот претседател уште еднаш ја потврдил својата подготвеност да работи на брзо завршување на борбите и наоѓање решение за надминување на кризатал. Трамп и Путин, како што изјави тој, допреле и други меѓународни теми, како што се ситуацијата околу Иран и Блискиот Исток, за време на разговорот кој траел еден час и 25 минути.
Претходно украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, објави дека имал телефонски разговор со Доналд Трамп.
Претседателот Трамп и јас разговаравме за моменталната ситуација на фронтот и нашите дипломатски напори. Постои реална перспектива за завршување на оваа војна, а решителноста на Америка е клучна. Се согласивме дека ќе ги продолжиме овие разговори на самитот на НАТО во Анкара, рече Зеленски.


