Фото: Скриншот / Икс / Володимиер Зеленски

ВИДЕО | Украина ја нападна Русија со стотици дронови — облаци чад се издигаат од нафтен објект во Санкт Петербург

Украина сега речиси секојдневно успешно погодува нафтени рафинерии и инфраструктура, како и објекти на одбранбената индустрија длабоко во Русија, додека нејзината кампања со дронови со долг дострел се засилува.

Украина ноќеска изврши уште еден голем напад со дронови врз Русија, лансирајќи стотици беспилотни летала и повторно гаѓајќи нафтена инфраструктура и воени објекти во близина на Санкт Петербург, објави „Еј-би-си“.

На видеоснимки објавени на интернет се гледаат големи облаци чад што се издигаат од нафтен објект во пристаништето во Санкт Петербург. Претседателот Володимир Зеленски изјави дека Украина успешно погодила нафтена инфраструктура во пристаништето, како и воени цели околу поморската база Кронштат.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во нападот биле вклучени речиси 500 дронови со долг дострел. Градоначалникот на Москва изјави дека 200 од нив биле насочени кон главниот град.

Украина речиси секој ден погодува нафтена инфраструктура

Украина сега речиси секојдневно успешно погодува нафтени рафинерии и инфраструктура, како и објекти на одбранбената индустрија длабоко во Русија, додека нејзината кампања со дронови со долг дострел се засилува.

Како последица на тоа, многу руски региони се соочуваат со недостиг од гориво, а граѓани се снимаат како чекаат во долги редици на бензински пумпи.

Украинските напади со дронови ја носат војната дома кај Русите, пишува „Еј-би-си“, на начин што претходно не беше виден.

Во исто време, се чини дека се зголемуваат и проблемите на Русија на бојното поле. Сè поефикасната украинска кампања со дронови со среден дострел, се додава во текстот, ги таргетира руските логистички линии и се обидува да ги пресече правците за снабдување кон окупираниот Крим.

Вонредна состојба во Крим

Властите во Крим прогласија вонредна состојба поради недостигот од гориво и воведоа полициски час поради прекини во снабдувањето со електрична енергија, предизвикани од украински напади.

Рускиот претседател Владимир Путин во текот на ноќта имаше ретко појавување во униформа и посета на наводна воена позиција, во обид да испрати порака дека ја држи војната под строга контрола.

Русија едвај напредува и можеби во мај изгубила повеќе територија отколку што освоила, според полскиот аналитичар Конрад Музика.

Руските придобивки, исто така, доаѓаат по огромна цена. Според независни аналитичари и проценки на западни разузнавачки служби, руските сили трпат десетици илјади жртви.

Извештај на Центарот за стратешки и меѓународни студии, со седиште во Вашингтон, оваа недела оцени дека руската војска досега претрпела околу 1,4 милиони жртви, меѓу кои и до 450.000 загинати.

Според истиот извештај, Украина претрпела меѓу 525.000 и 625.000 жртви.

Украина ја има втората најсилна војска во НАТО и таа не е послаба од руската, вели Зеленски

Падна ли Костјантинивка под руска контрола?

Во меѓувреме, руската војска денеска тврдеше дека го зазела градот Костјантинивка, клучен одбранбен центар во источниот украински регион Донбас.

Иако Русија напредува во градот, постојат причини за сомнеж дека навистина целосно го освоила. Москва повеќепати досега лажно тврдеше дека контролира градови, иако ситуацијата на терен била далеку од тоа.

Падот на Костјантинивка би бил прв значаен успех на Москва на бојното поле оваа година, а руските функционери веќе го претставуваат како доказ дека војната и натаму се движи во корист на Русија, и покрај знаците дека ситуацијата се менува во корист на Киев. Засега, сепак, е прерано да се тврди дека градот паднал.

Иако евентуалниот пад на Костјантинивка би бил значаен, малку е веројатно дека тоа би ѝ овозможило на Русија брзо да напредува кон освојување на целиот Донбас, што Путин го постави како приоритет.

Армијата го зазеде Костјантиновка во Донбас, објави рускиот началник на Генералштабот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот