ВИДЕО | Пожар беснее во Шпанија: Околу 150 луѓе, меѓу кои 70 деца, евакуирани од Коста Брава
Околу 150 луѓе, меѓу кои и 70 деца од летниот камп Пау де Глас, во близина на градот Бисбал д’Емпорда, беа евакуирани поради голем шумски пожар што го зафати подрачјето во близина на брегот на Коста Брава во североисточна Шпанија, додека властите за речиси 10.000 жители на седум општини во областа Гаварас ги задржаа на сила мерките за останување во своите домови поради ризикот од понатамошно ширење на пожарот, објавија светските медиуми.
Препорачано
Пожарот избувна вчера во близина на Бисбал д’Емпорд во покраината Жирона и го зафати заштитеното природно подрачје Гаварас, една од најголемите шумски области во регионот.
Според податоците на противпожарните служби, пожарот досега зафатил помеѓу 750 и 2.400 хектари, додека во најлош можен сценарио би можел да се прошири на дури 30.000 хектари, односно на речиси целиот масив Гаварас.
Околу 440 пожарникари се распоредени на терен со поддршка на околу 100 членови на Шпанската воена единица за итни случаи (UME), а властите велат дека околу 70 проценти од десната страна на пожарот е ставена под контрола.
Претседателот на каталонската влада, Салвадор Иља, изјави дека ситуацијата е сè уште загрижувачка и потврди дека е наредено целосно затворање на пристапот до природната област Гаварас.
Мерки за ограничување на движењето се на сила за жителите на неколку општини.
ВИДЕО | Голем шумски пожар во Шпанија: Куќите се евакуирани, пожарот се шири


