ФОТО | Цел Холивуд на свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси — Селена Гомез, Ед Ширан, Хју Грант, Џиџи Хадид и многу други лудуваа до зори
Поп-ѕвездата Тејлор Свифт и НФЛ-ѕвездата Тревис Келси синоќа официјално стапија во брак, со церемонија која се одржа во легендарната арена „Медисон сквер гарден“ во Њујорк.
Препорачано
Познато е дека венчавката ја водел актерот и комичар Адам Сендлер, долгогодишен пријател на двојката. Братот на Тејлор, Остин Свифт, ѝ бил почесен сведок, додека братот на Тревис, Џејсон Келси, ја имал улогата на кум.
Листата на гости на „свадбата на векот“ била исполнета со ѕвезди од музиката, филмот и спортот и вклучувала над 1.000 најблиски на двојката облечени во елегантни смокинг одела и гламурозни фустани.
Во морето од познати лица биле блиските пријателки на Тејлор – Селена Гомез, Абигејл Андерсен, Ешли Авињон, Џиџи Хадид, Лена Данам и Зои Кравиц.
View this post on Instagram
Бредли Купер се појавил во друштво на нејговата девојка Џиџи. На актерот му се придружи софистицирана група филмски личности, вклучувајќи го и Хју Грант и неговата сопруга Ана Еберштајн, Џејсон Судеикис, Дакота Џонсон, Крис Рок и Итан Хоук.

View this post on Instagram
ТВ водителите Џими Фалон и Греам Нортон исто така биле присутни, но двајцата успеале да ги избегнат фотографите на денот на настанот.

View this post on Instagram
Присуството на Карли Клос ги замолчи годините шпекулации за расправија меѓу неа и невестата.
Ели Голдинг долетала од Лондон за свадбата. Камила Кабело, Машин Ган Кели, „Чејнсмоукерс“ и Луси Дакус исто така биле присутни.
View this post on Instagram
Според странските медиуми, гостите почнале да пристигнуваат од 15:30 часот на коктел забавата, која била организирана за 16:00 часот, а церемонијата била закажана за 17:30 часот. И, додека дел од гостите ја напуштиле прославата во текот на вечерта, свеченоста за останатите продолжила по полноќ.

View this post on Instagram
Во чест на свадбата, зградата „Емпајер стејт билдинг“ беше осветлена во сина боја како симболично „нешто сино“ за невестата, а на електронските табли околу „Медисон сквер гарден“ се појави пораката „JUST&T MARRIED“.
Тејлор Свифт и Тревис Келси ја започнаа својата врска во 2023 година, а свршувачката ја објавија во август годинава преку заеднички објави на Инстаграм. Нивната венчавка со месеци беше една од најследените теми во светските медиуми, а интересот дополнително го поттикнаа строгите безбедносни мерки и целосната тајност околу организацијата на настанот.


