фото: слободен печат

Хаос на Табановце: Пет колони возила чекаат за влез во Србија

Долги колони возила на горештините чекаат да ја поминат македонско-српската граница кај граничниот премин „Табановце“.

фото: Слободен печат

За влез во Србија пет колони возила чекаат повеќе од еден час.

„Поради технички проблеми, системот на заедничкиот граничен премин кон Република Србија работи забавено, поради што има одредени задржувања при влез во Република Србија. Надлежните служби преземаат интензивни мерки за отстранување на проблемот и што поскоро нормализирање на функционирањето на системот“, информираа од МВР за „Слободен печат“.

На Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот