Тригодишно дете во Англија било нападнато од крокодил, петпати било оперирано — семејството собира помош за лекување
Полицијата уапсила 30-годишен маж од Норфолк под сомнение за обид за убиство, но засега не се објавени детали за тоа каква точно е неговата поврзаност со инцидентот во кој тригодишното момче било нападнато од крокодил.
Тригодишно момче, кое беше нападнато во ограден простор за крокодили во зоолошка градина во Англија, досега имало пет операции и го очекува долго закрепнување, објави „Би-би-си“.
Препорачано
Неговите родители наведоа дека во оваа фаза сè уште не се знае во колкава мера нивниот син ќе има чувство, движење и функција во рацете, зглобовите и дланките.
Момчето беше повредено во зоолошката градина „Џонсонс оф Олд Харст“ во Кембриџшир на 18 јуни, а неговите родители велат дека сега практично „живеат“ во болница.
Тие ја објавија новата информација додека им се заблагодарија на донаторите, кои собрале околу 30.000 евра за семејството.
Малото момче од Кембриџшир било во посета на зоолошката градина со семејството кога било нападнато, а „Би-би-си“ дознава дека момчето било нападнато од најмалку еден крокодил.
Информациите за состојбата на момчето биле објавени на страница за донации, отворена за да му помогне на семејството во трошоците за лекување, рехабилитација и финансиска поддршка.
Родителите наведоа дека последните две недели биле исклучително тешки и неизвесни. Според нив, вистинската состојба со повредите ќе се знае дури кога ќе бидат отстранети гипсовите и завоите и кога детето ќе ја започне рехабилитацијата, која, како што велат, нема да биде кратка.
Семејството соопштило дека веќе две недели престојува во болница, а момчето досега имало пет операции и ќе мора да помине уште најмалку две.
Полицијата уапсила 30-годишен маж од Норфолк под сомнение за обид за убиство, но засега не се објавени детали за тоа каква точно е неговата поврзаност со инцидентот во кој тригодишното момче било нападнато од крокодил. Мажот, за кого се верува дека има тешкотии во учењето, бил во посета на зоолошката градина со негуватели и, според досегашните информации, не го познавал детето.
ВИДЕО: Црна мечка се прошета низ Дизни Ворлд на Флорида, паркот го затворија додека не ја уловија


