Вучиќ бара 210 евра од граѓаните — кружи лажен оглас креиран со вештачка интелигенција
На социјалните мрежи циркулира лажен оглас во кој, со помош на вештачка интелигенција, се злоупотребуваат ликовите и гласовите на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и министерот за економија, Синиша Малог. На граѓаните им се ветува лесна заработка, но само кога ќе платат 210 евра, пренесуваат српските медиуми.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во тоа видео со вештачка интелигенција, исто така, се наведува дека по плаќањето на таа сума за еден час, првите пари се депонираат на сметката, но ништо од тоа не е вистина, и важно е корисниците на социјалните мрежи да не паднат на измамата.
„Ова е повик што ќе го добиете за пет минути, ќе ви донесе 118.000 динари, веќе до утре наутро. Ова не е шега и не е реклама, ова е државна гаранција“, вели наводниот Вучиќ во едно од лажните видеа со вештачка интелигенција.
Според Нишката РТВ „Белами“, граѓаните дошле на шалтерите на поштата убедени дека вработените ги спречуваат да добијат пари.
„Без разлика дали политичари, спортисти или други јавни личности се појавуваат во лажни реклами, правилото е исто, ниедна сериозна инвестиција, државна програма или финансиска помош не започнува со барањето граѓаните прво да ги платат своите пари“, наведува РТВ Белами.
Пицула ја повика ЕУ: Не давајте пари за Вучиќ да гази по демократијата во Србија


