ВИДЕО | Ова го нема ни на филм – возило од конвојот се судри со премиерското „ауди“ на Пленковиќ
Необична сообраќајна несреќа се случила во центарот на Загреб, кога две возила од владиниот конвој се судриле на раскрсница. Во автомобилот што бил удрен се наоѓал хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, објави 24 сата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Инцидентот се случил на улицата „Савска“, на враќањето на Пленковиќ од седница на Владата.
Хрватската влада потврдила дека во несреќата учествувале две возила од заштитениот конвој.
„По враќањето од седницата на Владата од Националниот спортски комплекс, на улицата Савска се случи мала сообраќајна несреќа во која учествуваа две возила од заштитен конвој. Никој не беше повреден. Во несреќата немаше други возила вклучени, ниту пак пешаци беа загрозени“, соопшти Владата на Хрватска.
Според официјалните информации, нема повредени лица, а не била причинета ниту поголема материјална штета.
Порталот „24сата“ објави дека возилото од придружбата удрило во автомобилот во кој се наоѓал Пленковиќ.
„Видов дека се случи судир при свртување и сопирање, а потоа Пленковиќ излезе од удрениот автомобил. Несреќата се случи на раскрсницата на Савска цеста и улицата Фаркаша Вукотиновиќ“, изјавил очевидец за порталот.
Полицијата извршила увид и работи на утврдување на сите околности на настанот.
Во моментот на несреќата, хрватскиот премиер се возел во блиндиран „Ауди А8 Л секјурити“, специјално модифицирано возило наменето за превоз на највисоки државни функционери.
Лимузината е опремена со челични заштитни плочи, повеќеслојни непробојни стакла и системи за заштита од експлозии и хемиски напади.
Поради високото ниво на заштита, возилото тежи речиси 4 тони.
Пленковиќ: Без меѓународно право помалите држави ќе станат обични набљудувачи


