Христијан Мицкоски во гостување на „Сител“ / Фото: Сител / скриншот

Мицкоски вели граѓаните не се фрустрирани од моменталниот застој кон ЕУ, туку од долгогодишните отстапки

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во интервју за „Сител“ рече дека Владата ќе продолжи со реформите и евроинтегративниот процес, но нагласи дека нема да прифати уставни измени без јасни гаранции дека тоа е последното барање на патот кон Европската Унија.

Осврнувајќи се на критиките дека Владата не успева да го деблокира европскиот пат на државата, премиерот оцени дека најголемата фрустрација кај граѓаните не произлегува од моменталниот застој, туку од, како што рече, долгогодишните понижувања и отстапки направени без очекувани резултати. Тој додаде дека не може да предвиди кога земјава ќе го надмине актуелниот застој во процесот на пристапување кон ЕУ, но вели дека Владата нема да се откаже од борбата за решавање на проблемот.

„Можеби ќе биде потребно и повеќе време. Не сум пророк за да ви кажам дали тоа ќе биде за една година, две години, пет години или никогаш. Не знам. Но, можам да ви ветам дека ќе се борам со сета сила што ја имам, заедно со луѓето околу мене“, рече Мицкоски.

Според него, во меѓувреме е променета и перцепцијата на европските партнери за македонските позиции, при што дел од високите европски функционери веќе разговараат за можни гаранции и поинаков пристап кон спорот.

„Ако пред две-три години ни велеа дека сè е завршено и дека тоа е понудата на маса, денес дел од високите европски политичари велат: „Почекајте, да размислиме за гаранции. Да разгледаме поинаков пристап кон ова прашање.“ Последните пораки од Брисел, вклучително и од претседателката Урсула фон дер Лајен, се дека Македонија е меѓу земјите што испорачуваат резултати и реформи. Тоа е она што можам да го ветам и што ќе продолжиме да го правиме. Но, не можам да ветам дека ќе се согласам на уставни измени што некој друг ги прифатил, без јасна гаранција дека тоа е последното барање и без јасно видлива цел. Тоа не можам да си го дозволам“, го повтори премиерот ставот за ова прашање.

Предлогот на Франција и на Германија е искрен и реален, Македонија треба да го прифати, вели Милошоски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот