Европа ѝ брои денови на БиХ: Реформи веднаш или парите пропаѓаат
За време на посетата на Сараево, Калас предупреди дека Босна и Херцеговина би можела да остане без околу една милијарда евра финансиска поддршка од Европската Унија, наменета за реформски процеси, доколку не продолжи со европската агенда.
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, ги повика властите во Босна и Херцеговина да го забрзаат спроведувањето на реформите што се неопходни за напредокот на земјата кон членство во Европската Унија, објави Ројтерс.
Препорачано
За време на посетата на Сараево, Калас предупреди дека Босна и Херцеговина би можела да остане без околу една милијарда евра финансиска поддршка од Европската Унија, наменета за реформски процеси, доколку не продолжи со европската агенда.
Таа порача дека Босна и Херцеговина не смее да заостанува зад другите земји од Западен Балкан и нагласи дека политичарите треба да одговорат на очекувањата на граѓаните. Според Калас, околу 75 проценти од граѓаните го поддржуваат членството во Европската Унија.
Калас изјави и дека Европската Унија продолжува да работи на изборот на нов висок претставник за Босна и Херцеговина, оценувајќи дека тоа прашање е важно за стабилноста на земјата и на регионот.


