Публиката остана „во прашалници“ откако познат рапер не се појави на сопствениот концерт
Американскиот рапер Лил Вејн им се извини на своите обожаватели откако не се појави на концертот што требаше да го одржи во Бангор, во американската сојузна држава Мејн, пишува „Ролинг стоун“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Настапот беше првиот од продолжението на неговата актуелна концертна турнеја, но по настапот на раперот 2 Чејнз, публиката долго чекала пред организаторите околу 23 часот да соопштат дека Лил Вејн нема да настапи и дека концертот е завршен. Причината за неговото отсуство не беше официјално објавена.
Еден ден подоцна, музичарот им се обрати на фановите преку Инстаграм.
„На моите обожаватели во Мејн – многу ми е жал. Концертот е презакажан за 28 јули. Зачувајте ги билетите, тие ќе важат и за новиот термин. Без вас не сум ништо. Едвај чекам да се вратам и да ви го приредам концертот што го заслужувате“, напиша Лил Вејн.

Тој додаде дека сите што купиле билети ќе добијат дополнителни информации по електронска пошта.
Меѓу разочараните посетители беше и Рита Сак, која допатувала повеќе од шест часа од Нова Шкотска за да присуствува на концертот.
„Дојдовме поради Лил Вејн и 2 Чејнз. Ова беше најлошото концертно искуство што сме го имале“, изјавила таа за локалната телевизија.
Таа додала дека би сакала раперот барем лично да ѝ се обрател на публиката.
„Плативме за да го гледаме Лил Вејн. Најмалку што можеше да направи беше да излезе пред нас, да се извини и да каже: ‘Извинете, не се чувствувам добро’. Тоа ќе значеше многу“, рекла Сак.
Доналд Трамп го објасни помилувањето на Лил Вејн и Кодак Блек


