Twitter
Twitter

Доналд Трамп го објасни помилувањето на Лил Вејн и Кодак Блек

Меѓу 70-те лица кои денес ги помилува американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, се и раперите Лил Вејн и Кодак Блек и официјално е објаснето зошто.

Вистинското име на Лил Вејн е Двејн Мајкл Картер. Минатиот месец, тој беше осуден на десет години затвор за нелегално поседување на позлатен пиштол во 2019 година. Во октомври минатата година, во пресрет на претседателските избори во САД, тој јавно го поддржа Трамп, а својата поддршка ја објави и на Твитер.

Instagram
Instagram

„Само што имав одлична средба со Доналд Трамп. Разговаравме за она што тој го стори во борбата против криминалот, а крајната цел е заедницата вистински да се самоуправува. „Тој го слушаше она што му го кажавме и убедени сме дека ќе го спроведе“, напиша тогаш Вејн.

Во официјалното објаснување за помилувањето, овој рапер беше опишан како „сигурен, добродушен и дарежлив“ затоа што донирал на „добротворни организации, вклучително и болници и банки за храна“. Очигледно е дека Трамп возврати на поддршката со помилување пред изборите.

Американскиот рапер Кодак Блек донирал 20.000 долари во добротворна акција за собирање играчки и пари за децата во неговиот роден округ Бровард, Флорида.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот