ФОТО | Наместо во ложа, продаваше билети — Кејт Мидлтон ги изненади сите на Вимблдон
Четвртиот ден од Вимблдон ќе биде запаметен по неочекуваното појавување на принцезата од Велс, која, наместо да оди директно во ложата, прво пристигна меѓу лојалните навивачи кои кампуваа за билети.
Препорачано
Кејт Мидлтон, облечена во елегантен син костум, се појави меѓу луѓето кои чекаа во ред со часови, па дури и денови, за да влезат. Без вообичаената кралска воздржаност, принцезата се дружеше со посетителите кои кампуваа пред теренот, разговараше со стјуардите, па дури и се испроба во улога на продавачка на билетарницата на четвртиот ден од шампионатот во тенис.
Кејт беше видена како гласно се смее и се шегува со тениските обожаватели, прави селфиња и се прегрнува со оние кои ја поздравија со ентузијазам. Оваа нејзина достапност привлече многу внимание, а навивачите ја поздравија со гласни извици додека таа весело мавташе.
Откако помогна во билетарницата, принцезата ја презеде својата улога како покровител на Ол Ингланд Лаун Тенис Клуб (AELTC), престижна улога што ја има од 2016 година откако кралицата Елизабета Втора ѝ ја додели престижната улога.
Натпреварот кој го следеше ги соочи Британецот Артур Фери и Финецот Ото Виртанен, а Кејт го гледаше во друштво на поранешниот тениски ас Тим Хенман и претседателката на AELTC, Дебора Џеванс.
Интересно е да се потсетиме дека Кејт првпат беше фотографирана на трибините како редовен гледач во 2007 година, додека своето деби во кралската ложа го имаше во 2011 година, кратко по нејзината венчавка со принцот Вилијам.


