Дени Гловер / Фото: EPA/SEBASTIEN NOGIER

ФОТО | Ѕвездата од „Смртоносно оружје“ откри дека боледува од Алцхајмерова болест

Американскиот актер Дени Гловер (79), познат по улогата во „Смртоносно оружје“, откри дека му е дијагностицирана Алцхајмерова болест. Тој ја сподели веста во емотивно интервју што го даде во емисијата „Тудеј“.

Гловер откри дека му е дијагностицирана болеста уште пред четири години, но дури сега решил јавно да зборува за тоа. Во интервју со водителот Лестер Холт, тој откри дека причината за ова е желбата да помогне во намалувањето на стигмата што сè уште ја придружува болеста.

– Сè уште не ги прифаќам сите делови од таа болест во мојот ум. Постојат моменти што сè уште ги паметите, а кои потврдуваат дека можете да се сетите и моменти што никогаш нема да ги заборавам – рекол тој.

Тој нагласи дека е сигурен дека работите ќе се променат сега и дека болеста ќе напредува и ќе изгледа сè поинаку.

Алцхајмеровата болест е најчестата форма на деменција, а повеќе од милион луѓе ширум светот се погодени од неа секоја година.

Дени Гловер е американски актер, режисер и активист, најпознат по улогата во филмската франшиза „Смртоносно оружје“. Во текот на неговата кариера што трае повеќе од 40 години, тој оствари голем број успешни улоги во филмот и телевизијата, а често работеше на општествено ангажирани проекти и поддржуваше хуманитарни и политички иницијативи. Гловер беше едно од најпрепознатливите лица во Холивуд во 1980-тите и 1990-тите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот