Лебарка/Фото: Pexels / Picas Joe

Сите го имаме во кујната — распоредете го низ домот, ќе се ослободите од лебарките и ќе заштедите пари

Лебарките спаѓаат меѓу најупорните домашни штетници. Ги привлекуваат трошки од храна, влага и топли места зад кујнските апарати, па затоа често се населуваат таму каде што најмалку ги сакаме. Кога ќе се појават, важно е брзо да реагираме бидејќи се размножуваат многу брзо.

Затоа домаќинствата треба веќе да се подготват за зголеменото присуство на несаканите мали штетници. 

Експертите предупредуваат дека сега е екот на сезоната на лебарки, бидејќи овие инсекти излегуваат од мирување и влегуваат во затворени простори во потрага по храна и засолниште. Бидејќи професионалните услуги за сузбивање на штетници можат да бидат скапи, на сопствениците им се препорачува да го пробаат овој едноставен, достапен и ефикасен трик.

Лебарките не можат да го поднесат мирисот на ловоров лист

„Лебарките се исклучително отпорни инсекти кои често се многу тешки за отстранување од домот. Меѓутоа, тие апсолутно не го поднесуваат мирисот на ловорови лисја“, истакнува Крис Хатон, експерт за складирање.

Освен што се непријатни, лебарките претставуваат и сериозен ризик по здравјето бидејќи можат да пренесат бактерии како салмонела и еширихија коли. Ако дојдат до храна, можат да предизвикаат разни гастроинтестинални инфекции и алергиски реакции, особено кај децата и постарите лица. Затоа е клучно да се спречи нивното населување во домот.

Ловоровиот лист содржи „моќни природни соединенија“ кои дејствуваат како репелент за инсекти, вклучувајќи ги и лебарките, на кои неговиот мирис им е „премногу силен и неподнослив“. Затоа, тие ја напуштаат областа во потрага по попријатна средина.

„Штом лебарката ќе почувствува и најмала количина ловоров лист, инстинктивно ќе се упати во спротивната насока. Станува збор за природно средство без хемикалии кое на домаќинствата може да им заштеди значителни пари во сузбивањето на штетниците“, објаснува Хатон.

Како да го искористите ловоровиот лист

Со примена на ловоровиот лист како превентивната мерка е многу едноставна. Се препорачува да се стават неколку суви лисја на местата каде што лебарките најчесто се кријат или влегуваат – зад кујнските апарати, во ормарите, под мијалникот или во близина на пукнатини во ѕидовите.

Листовите треба да се менуваат на секои две недели за да се одржи нивниот мирис силен и ефикасен.

За најдобри резултати, овој природен трик се препорачува да се комбинира со добри хигиенски навики – чување храна во затворени садови, редовно одржување на чистотата на површините и брзо отстранување на трошките и истурените течности.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот