Анџелина Џоли шокираше со признанието: „Не сум била во врска откако се разведов од Бред Пит пред 10 години“
Холивудската актерка Анџелина Џоли моментално го промовира својот нов филм „Висока мода“ (Couture), а во едно од интервјуата отворено проговори и за својот љубовен живот. Таа откри дека не била во врска со никого откако во 2016 година се раздели со поранешниот сопруг Бред Пит.
Препорачано
Во филмот Џоли ја толкува американската режисерка Максин Вокер, на која ѝ е дијагностициран рак на дојка додека работи за време на Париската недела на модата. Нејзиниот лик има ќерка и љубовна врска со снимателот Антон, кого го игра Луј Гарел.
Во интервју за „Јаху“, актерката призна дека токму оваа улога ја натерала да размислува за сопствениот живот.
„Искрено, не сум излегувала со никого откако се разведов пред десет години. Некако си всадив во главата дека тој дел од мене повеќе не е во центарот на мојот живот, бидејќи сум посветена на децата и семејството. Ми требаше време да си кажам дека можам истовремено да ја сакам ќерка ми, да бидам посветена мајка, но и да не заборавам на себе како жена“, изјави Џоли.
Џоли и Пит беа заедно 11 години, а во брак поминаа две. Нивниот развод траеше осум години и официјално заврши во 2024 година. Поранешната двојка има шест деца – Медокс, Пакс, Захара, Шајло и близнаците Вивиен и Нокс.
Актерката откри дека токму нејзините ќерки ја поттикнуваат повторно да се пронајде себеси.
„Мислам дека тие на некој начин ме враќаат на старата мене. Желбата тие да бидат силни, отворени, нежни и храбри ме потсетува каква бев јас. Сега, мислам дека и тие сакаат да не бидам само ‘мама’“, рече Џоли.
Таа додаде дека не размислува многу за стареењето, туку дека чувствува потреба повторно да почне да живее.
„Мислам дека морам повторно да живеам. Повторно да бидам слободна. На начин на кој животот можеби малку ме скрши“, искрено призна актерката.
Претходно овој месец, во интервју за „Варајети“, Џоли изјави дека повторно го пронашла својот „борбен дух“, нагласувајќи дека најголема поддршка во животот ѝ се токму нејзините деца.
Во меѓувреме, според странските медиуми, пет од нивните шест деца се откажале и од презимето Пит, додека Инес де Рамон веќе четири години е партнерка на Бред Пит.


