Бред Пит и Инес де Рамон на премиерата на „Ф1“ во Лондон/Фото: Fred Duval / imago stock&people / Profimedia

Бред Пит ги поминува празниците со девојката: „Децата се оддалечија од него и го променија презимето“

Оскаровецот Пит и дизајнерката на накит де Рамон се во врска од 2022 година, а актерот изјави дека се чувствува „многу благодарно“ што ја има поддршката од својата девојка за време на празниците, бидејќи неговите деца се оддалечуваат од него.

Актерот Бред Пит овие празници ги поминува во друштво на својата девојка, дизајнерката на накит Инес де Рамон, за да се справи со емоционалните предизвици што ги носи овој период. Според извор близок до парот, празниците секогаш биле особено емотивен период за Пит, особено поради сложените односи со неговите деца кои ги има со поранешната сопруга Анџелина Џоли.

„Со оглед на тоа дека некои од постарите деца се оддалечуваат и го отфрлаат презимето Пит, секако дека тоа додава уште еден слој тага“, изјавил извор близок до Пит за „Пипл“.

И покрај тензиите во односите со децата, Пит (61) според инсајдерите отсекогаш бил посветен татко, а неговата желба да биде присутен во животите на своите деца никогаш не се променила.

„Реалноста е дека празниците можат да бидат тешки кога односите со децата се напнати, без оглед на сè друго што се случува“, додава изворот.

Покрај емоционалната поддршка, Пит пронашол стабилност и во врската со де Рамон, која му дава чувство на сигурност и љубов.

„Тој се чувствува многу благодарно што Инес е во неговиот живот. Нејзината поддршка и љубов му значат сè“, истакнува изворот.

Во меѓувреме, Пит останува зафатен со филмските проекти. Моментално го снима „The Adventures of Cliff Booth“, повторувајќи ја својата улога од филмот „Once Upon a Time … in Hollywood“ во соработка со режисерот Дејвид Финчер и сценаристот Квентин Тарантино.

Да потсетиме, актерот во декември 2024 година го финализираше разводот од Анџелина Џоли, со што завршија повеќе од осум години правни постапки. Поранешниот пар има шест деца: Медокс (24), Пакс (21), Захара (20), Шајло (19) и близнаците Нокс и Вивиен (17).

Некои од децата го променија презимето, Шајло го направи тоа на својот 18-ти роденден во мај 2024 година, додека Вивиен во продукциски материјал за мјузиклот „The Outsiders“ беше наведена како „Вивиен Џоли“. Исто така, Захара во ноември 2024 година на колеџот Спелман се претстави како „Захара Марли Џоли“.

Пит и де Рамон, кои се во врска од 2022 година, неодамна беа видени заедно на забава на Џорџ Клуни и Џеј Кели. Извор потврди дека парот сега живее заедно во нов дом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот