ВИДЕО | Позната актерка ја откри потресната борба со ракот: Десетти ден по хемотерапијата, завршив на итна
Поранешната актерка од „Coronation Street“, Трејси Шо (52), даде срцепарателно признание откако беше итно однесена во болница. Поранешната ѕвезда на сапуници призна дека „нема повеќе сила“ додека се бори да се справи со несаканите ефекти од хемотерапијата откако во април ѝ беше дијагностициран рак на дојка. Десет дена по завршувањето на циклусот хемотерапија, Трејси на Инстаграм отворено зборуваше за својата моментална состојба, признавајќи дека се чувствува „ранлива како бебе“.
Препорачано
Таа ги откри и непријатните детали од борбата со болеста, наведувајќи дека страда од габични инфекции и тешки дигестивни нарушувања.
View this post on Instagram
Трејси низ солзи објасни дека лекарите ѝ препишале дополнителни лекови, додека истовремено отворено зборуваше и за последиците што лекувањето ги имало на нејзиното тело.
„Десетти ден по хемотерапијата. Уште едно одење на итна помош… поголемиот дел од денот спиев. Имам крем за кандидијаза насекаде во носот, устата, ушите, главата. Постојано сум во тоалет и немам повеќе сила.“
Таа им кажа на своите следбеници дека вообичаено би му се обратила на својот син за помош, но бидејќи тој присуствувал на свадба, па еден сосед ѝ помагал.
„Мојот син мораше да оди на венчавка. Мислев дека ќе можам сама, но завршив во одделот за итни случаи. Немам повеќе сила. Во главата замислував дека ќе имам барем една недела одмор по хемотерапијата“, рече скршената актерка.
Трејси додаде дека речиси ништо не јаде, а исхраната ѝ е сведена на јајца, обичен чипс и леб. Зборувајќи за последиците од третманот, таа истакна: „Ова се ефектите што хемотерапијата ги остава врз телото. Таа убива сè, вклучително и слузницата на мојот желудник. Се чувствувам кревко, ми пречат луѓето и бучавата. Ушите ми станаа неверојатно чувствителни.“
View this post on Instagram
Обожавателите веднаш ја преплавиле нејзината објава со пораки за поддршка: „Трејси, неверојатна си, ти ја испраќаме целата љубов и сила. Силна си дури и кога не ти се сака! Ти благодариме што ја сподели твојата приказна“, други додале: „Тешки се вашите објави за гледање, но толку искрени и храбри. Ви испраќаме позитивни вибрации.“
Трејси Шо го отелотвори ликот на Максин Пикок во култната серија од 1995 до 2003 година.
Таа претходно сподели со јавноста дека тестовите покажале присуство на протеинот HER2, што бара поагресивен пристап кон третманот. По хемотерапијата, актерката се очекува да се подложи на операција за отстранување на грутки и лимфни јазли, по што ќе следи радиотерапија.


